Promocija zbornika  “Makedonka – organ AFŽ-a (1944-1952): artikulacije sjećanja i kritički pogledi” u Skoplju

Povodom 80. obljetnice osnivanja masovne ženske organizacije AFŽ-a u Makedoniji (1944), Centar za istraživanje nacionalizma i kulture (CINIK) iz Skoplja organizira u Muzeju Republike Sjeverne Makedonije 14. i 15. prosinca 2024. promociju zbornika radova “Makedonka – organ AFŽ-a (1944-1952): artikulacije sjećanja i kritički pogledi” i okrugli stol “AFŽ: Nedovršena revolucija – sjećanje na prošlost, zamišljanje budućnosti”.


Архиви на невидливите 3.0 | промоција на зборник и тркалезна маса

Поттикнати од 80-годишнината од формирањето на масовната женска организација АФЖ во Македонија (14-15.12.1944), Центарот за истражување на национализмот и културата, ЦИНИК на 14 и 15 декември организира два настани за да го одбележи овој значаен јубилеј.

  • 14.12 • Музеј на Северна Македонија • 19 ч.
    Промоција на зборник на научни трудови со наслов „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“
  • 15.12 • Музеј на Северна Македонија • 13 ч.
    Тркалезна маса на тема: „АФЖ: Недовршена револуција – сеќавање на минатото, замислување на иднината“

Продолжувајќи ја практиката на истражување на социјалистичкото минато на републиката, враќајки го во истражувачкиот фокус првото женско списание пишувано на македонски јазик – „Македонка“, ЦИНИК повторно работеше на проектот Архиви на невидливите 3.0, низ којшто се продуцираше зборник научни текстови со наслов „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“.

Промоцијата на овој зборник ќе се случува во Музејот на Македонија на 14 декември со почеток од 19 часот. Автори на научните текстови се: Ана Колариќ (вонредна професорка на Катедрата за компаративна книжевност и теорија на книжевноста, Филолошки факултет на Универзитетот во Белград), Петар Тодоров (историчар, доктор на науки при Институтот за национална историја во Скопје), Ана Ашталковска Гајтаноска (редовна професорка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, на УКИМ), Славчо Димитров (истражувач, теоретичар, активист и куратор на Скопскиот Викедн на гордоста), Христина Иваноска (уметница) и Елени Новаковска (библиотекарка-советничка во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ -Скопје). Уредничка на публикацијата е Јана Коцевска. Промоторка на зборникот е Ана Василева.

Програмата продолжува следниот ден на 15 декември од 13 часот, повторно во Музејот на Северна Македонија каде што програмскиот одбор сочинет од Ивана Хаџиевска, Андријана Папиќ Манчева и Јана Коцевска конципира две тематски насоки за тркалезна маса на тема: „АФЖ: Недовршена револуција – сеќавање на минатото, замислување на иднината“. Настанот се надоврзува на практиките за одбележување на јубилеите на АФЖ низ дискурсот на претставници од релевантните институции и научната јавност, кои кулминирале во 1970-те години, за по 1990-те години да исчезне од јавноста. Тркалезната маса има за цел да собере домашни и регионални експерт(к)и, со искуство од областа на женската историја, односно феминистичкиот активизам, кои низ отворена дискусија ќе ги артикулираат прашањата поврзани со политиките на сеќавање/заборав, третманот на антифашистичките идеи и историски искуства во современиот контекст, женската историја во јавниот простор и значењата на комплексното наследство на АФЖ. Дискусијата ќе ја модерира Ана Василева, а меѓу говорничките ќе бидат Мања Величковска, Јана Коцевска, Ивана Хаџиевска и други. Тркалезната маса е простор отворен за претставнци/чки од научните, образовните институции, како и од граѓанската сфера и медиумите, а тие ќе имаат можност да се надоврзат на дискусијата.

Проектот „Архиви на невидливите 3.0 – Интердисциплинарен пристап: Истражување, пишување и подготвување изложба во практикување култура на сеќавање за жените учеснички во НОБ – по повод 80 години од формирањето на АФЖ на Македонија (1944-2024)“ е реализиран со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел и Министерството за култура на Република Северна Македонија.


Izvori i dodatne obavijesti:

https://cinikskopje.wordpress.com/home

https://www.facebook.com/events/451029841371027


Odgovori